COSTA CRUISES - Savana

Document Sample
COSTA CRUISES - Savana Powered By Docstoc
					                                                                                 www.savana.mk


                                        COSTA CRUISES
Со Costa Cruise крстарите во Италјански стил – водечка компанија за крстарења. Компанија со 60 годишна
историја ,со преку 1,3 милиони патници во 2009.год. Ја поседува најголемата флота во Европа со 14 бродови.
Од 2000 сите бродови на Costa Cruises пловат со Италијанско знаме . Оваа компанија има 250 дестинации и
повеќе од 150 итенерери по Медитеранот, Северна Европа , Карибите, Северна и Јужна Америка, Соединетите
Арапски Емирати, Далечниот Исток и Индискиот океан.


                        КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРСТАРЕЊЕ
ОБЛЕКА:
Се препорачува спортска и лесна облека ,удобни и ниски обувки.Во базените задолжително користење на
капа.На секое патување се организираат свечени и гала вечери за кои е задолжителна елегантна облека .На
излетите на копно се препорачува спортска облека и лесни обувки.Секогаш е добро при рака да имате палто или
шалза да се заштитите од честите промени на температурата меѓу надворешната и внатрешната климатизирани
простории било на брод или на копно.
ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА:
Можете да уживате во реласирачки масажи ,да вежбате аеробик,третмани на лице.Искористете ја целата
понуда:стаза за џогинг,сауна,хидромасажа,базени..Важно:секоја понуда е различна во зависност од бродот.
ЗАБАВА ЗА ДЕЦА:
Од утро до вечер послугата се грижи за децата,така да Вие ќе уживате во патувањето.За сите деца од 3-12
години послугата е на располагање секој ден од 09.00-12.00, од 15.00-18.00,и од 21.00-23.00 часот.На барање ден
однапред можно е да се организира и чување на децата од 23.00-01.30 часот.Овие програми се променливи во
зависност од патувањата.За деца под 3 години не е предвидена услуга анимација.За време на ниска сезона
услугата е ограничена.
БАГАЖ:
Веќе од почеток на патувањето на рачката на секој кофер мора да биде залепена налепница Costa Crociere(се
добива со картата)на која стои Вашето име,презиме и број на кабина.Се молат ппатниците до крај да ја отворат
налепницата пред да ја залепат на багажот.Транспортот на багажот со авион е однапред договорен и обележан
на картата.Патникот плаќа сам на аеродромот доколку има повеќе од дозволените килограми на багаж.Багажот
се транспортира на ризик на патникот ,а бродот не е во ниеден случај одговорен за губење или оштетување на
багажот.Багажот од аеродром ќе биде префрлен во кабина доколку авио билетот е купен преку Costa.
Детални информации во прилогот за лични документи.Патниците кои патуваат со самостално направени
резервации за лет можат багажот да го предадат на самото пристаниште истиот ке им биде доставен во
кабина.Рачниот багаж ,вредносни работи,лекови,фотогравска опрема,кршливи работи патниците мора сами да ги
носат.
БАР:
На располагање има голем избор на вина ,алкохолни и безалкохолни пијалоци на најпознатите италјански и
светски произведувачи.
Ви представуваме некои од специјализираните барови на бродот:
Martini bar каде може да пробате сите класични и најнови Мартини коктели,ги има на бродовите Costa
Victorija,Costa Atlantica,Costa Romantica и Costa Mediterranei.
Wine bar каде може да најдете голем избор на шампањ,пенливи вина и вина може да се најдат на сите бродови.
Cognak&Cigars bar нуди посебен избор на коњаци и цигари, овој бар го има на бродовите: Costa Victorija,Costa
Romantica,Costa Atlantica,Costa Europa,Costa Classica,Costa Tropicale i Costa Meditirranea.
Целта консумација на пијалоци и во баровите или рестораните мораат да бидат платени на крајот на патувањето.
Цената на пијалокот се зголемува за 15% како цена на услуга.
БИБЛИОТЕКА:
Бродската библиотека Ви нуди книги од сите жанрови.
ЕДНОКРЕВЕТНИ КАБИНИ:
Еднокреветни кабини се ограничени се потврдуваат само со резервација.
КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ:
На бродовите може да се користата: American Express,VISA,Master Card.
Електронски картици не се примаат.
СЕФ:
Сите бродови имаат сеф во кабините.
ПАСОШ:
За сите патувања задолжително е да се има важечки пасош,во спротивно нема да биде возможно качување на
бродот,нити поврат на средствата уплатени за крстарењето.
ВИЗИ:
Се препорачува да се информирате во најблискиот конзулат дали за Вашата избрана дестинација Ви е потребна
виза.Во случај да немате виза можно е плаќање на парични казни ,или нема да мозе да се напушти бродот на
излетите или воопшто да не се качите на брод.
ПАТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
На патниците во овие патувања им е потребно:
-формулар за влез
-патна карта
-налепница за багаж
-авионски карти( во зависност од патувањето)
-voucher за услуги на копно(во зависност од патувањето)
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Сместување во одбрана кабина опремена со Туш и WC,клима уред,телефон,сеф,фен за коса,и TV.Полн пансион
за време на целото патување.Оброци на бродот почнувајќи со вечера на денот на поаѓање)вклучуваат утринско
кафе или чај,голем избор на континентален доручек во кабина или во бродската трпезарија.ручек попладневен
чај,вечери и полноќен оброк.Последниот оброк на бродот ќе биде појадокот пред напуштање на
бродот.Користење на бродскиот простор и опрема: базени ,лежалки на палубите,фитнес,џакузи,ноќен
клуб,сауни,парни бањи,пешкири и библиотека.Учествување во сите дневни активности:игри,лов на загубено
богтство,квизови,турнири,караоке,натпревари по танц,тематски забави и слично/жива музика,приредби,кабаре во
бродскиот театар,забави по програм секоја ноќ во текот на крстарењето,аеробик,streching,bodydancing и слични
активности со асистенција на инструктори.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Патничкото осигурување,пијалоци,третмани во козметичките салони,излетите на копно,медицински
услуги,комуникациски системи,перални,како и напојниците кои се задолжителни.
ОСИГУРУВАЊЕ:
Во моментот на резервирање се препорачува да се обезбеди патничко осигурување.
НАГРАДА:
Меѓународен обичај е на крајот од патувањето да се остави напојница на послугата.Тој износ автоматски се
додава на сметката и не се менува.Патниците ги подмируваат своите трошоци при напуштањето на бродот.Во
земјите во кои платежна валута е еврото се плаќа 7 еур по лице на ден за сите крстарења од 8 и помалце од 8
ноќи,а 6 еур по лице по ден за сите крстарења од 9 и повеќе ноќи.Во земјите каде што доларот е платежно
средство се плаќа 11 долари по лице на ден за сите крстарења од 7 или помалце од 7 ноќи,а (Кариби) 9 долари
по лице на ден за сите крстарења во Јужна Америка и Трансатлантик крстарења до Европа,9 долари по лице на
ден за крстарења наДалечниот Исток .Деца помлади од 14 години не плаќаат напојница ,деца од 14 до 17 години
плаќаат 50% од износот.
ИЗЛЕТИ:
Испланирани се така да се почитува редот на пловидбата,Излетите на копно се факултативни и се продаваат на
бродот или online на www.costacruise.com.Може да се платат со валута што е означена на каталогот или било која
друга валута која е прифатена на бродската менувачница.Цената на излетите во каталогот не е загарантирана
точната цена се објавува само на брод.Парите уплатени за излетите во случај на откажување не се враќаат.Во
цената се вклучени превоз,водич на јазик кој во моментот е на располагање,влезници,кои се истакнати во описот
на излетите.Храната и пијалокот се вклучени во цената само каде што тоа е нагласено.Редоследот и програмот
може да бидат менувани од страна на организаторот , апритоа патниците немора да бидат известени до самото
поаѓање.За секој излет потребен е минимален број од 10-15 патници за истиот се реализира во спротивно се
откажува.Во случај на откажување на излетот од страна на организаторот на патникот ќе му бидат рефундирани
уплатените средства.
ФОТОГРАФ:
Бродскиот фотограф е присутен на бродот во сите важни моменти како и на излетите.Ќе бидете во центар на
неговото внимание , но не заборавајте дека не сте обврзани да ги купите фотографиите.Истите можете да ги
разгледате изложени во галеријата,а од нив да ги изберете оние кои вам ви се најдраги.
На некои од патувањата нашите сниматели забележуваат разни моменти на патувањето.Ако сакате може да
бидете глумци во едн мал филм ,единствен спомен од Вашето патување.На располагање имате и развивање на
фотографии и видео запис од Вашето патување.
ПУШЕЊЕ:
За доброто на непушачите, на бродот е забрането пушење во рестораните и сите останати простории во кои е
истакнат знакот забрането пушење.Во лифтовите и театарот исто така е забрането пушење.Пушењето е
дозволено само надвор на палуба.
ГАРАЖИ:
Обезбеден паркинг е предвиден во следните пристаништа:Genova,Savona,Venecia,Napoli,Bari,Palermo,
Rim,Amsterdam и Chopenhagen.Подетални информации се наоѓаат во состав на самата патна
документација.Оваа услуга дополнително се доплаќа ,а во некои пристаништа потребно е и резервација.
ПОАЃАЊЕ:
Започнува во времето означено на картата.На денот на поаѓањето потребно е да се направи следново:
да се предаде багажот да приложи картата и на барање дополнителна кредитна картичка,пасошка и царинска
контрола.По правило патниците мора да се во пристаништето 3 часа порано ,а на самиот брод 1 час порано.
ИНТЕРНЕТ КАФЕ:
Сите бродови на флотата Costa Cruciere имаат интернет кафеа со сателитски пристап на мрежата.Плаќањето се
врши со личната картичка подигната на бродот.Користењето на интернет е овозможено и во текот на самата
пловидба.
УСЛУГИ : ПЕРАЛНА,ПЕГЛАЊЕ И ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ:
На бродот се понудени и овие услуги по предходно објавени цени.Во самите кабини се наоѓаат посебни корпи за
оставње на валканите алишта.
МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ:
На секој брод на располагање ви стојат доктор и медицинска сестра.Користењето на услуги ги плаќа самиот
патник.Лековите против морска болест се бесплатни ,може да се земат од самата рецепција или амбулантата.
ПРОДАВНИЦИ:
Во бродските продавници може да најдете се: Парфеми,облека,козметика,сувенири,светски брендови на
часовници како и опреме за фотографирање.Вашето купување може да биде по систем на Duty free на сите
патувања.
ДНЕВНИ ВЕСНИЦИ:
Во зависност од можноста за набавка ,на патниците на располагање им стои голем број на интернационални
дневни весници .
ПЛАЌАЊЕ НА БРОД И КРЕДИТНА КАРТИЦА COSTA:
Во прилог на патната карта или при самото влегување на бродот сите патници ке добијат лична картичка Costa
која содржи име и презиме.Картичката потребно е да се регистрира во првите 48 саати од
патувањето.Регистрацијата може да се изврши со кредитни картички ( Visa, American Express,Master Card)или со
паричен депозит во износ од 150 еур/усд по лице.Доколку не се регистрира кредитна картичка или не се остави
паричен депозит картичката Costa автоматски ќе биде блокирана.За време на крстарењето трошоците го
достигнат износот на депозитот од гостите ке биде побарано да остават нов депозит за останатите трошоци на
бродот.Минимален депозит е 150 еур/усд по лице.Вечерта при напуштање на бродот гостите кои плаќаат во
готовина на бродот како што е вообичаено ќе добијат сметка и износ од остатокот од кредитот ,а истиот се враќа.
ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ:
Ограничен избор на разгледници и поштенски марки можете да најдете на оделението за информации или на
рецепција.
ДНЕВЕН ПРОГРАМ:
Дневниот програм со сите информации за следниот ден ќе бидат доставувани во кабините секоја вечер.
РЕСТОРАН:
Менито е составено од избор на неколку интернационални кујни.Посебни побарувања при исхраната се служат
доколку тоа е напоменато при самата резервација.Секој патник има резервирана маса за секој оброк и истата
важи за целото време на патувањето.Оброците се служат водве смени:
-Рана смена:       ручек во 12.00 часот вечера во 19.00 часот
-Доцна смена : ручек во 13.30 часот и вечера во 21.00 часот
Напомена:Во сите ресторани пушењето е забрането.
САЛОНИ:
На бродот ќе најдете голем број на салони и барови секој со свој уникатена програма. Може да се опуштите со
своите омилени коктели подготвени од најдобрите бармени, или пак можете да играте карти, шах,, дама ,монопол
и останати игри. Ако сакате можете да го посетите и казиното.
СВЕТА МИСА:
Светата миса се одржува по римокатолички обичај.
ЛЕЖАЛКИ:
Се наоѓаат на надворешните палуби и се бесплатни. Покрја базените имате на располагање и пешкири кои при
напуштањето на базенот се враќаат.
ПОСЛУГА ВО КАБИНА:
Послугата во кабините е можна 24 часа на ден. Доволно е да се повика телефонски. Доколку сакате појадок во
кабина возможно по претходно пополнување на формулар кој го закачувате на вратата од кабината претходната
вечер. Послужувањето е наутро во договореното време.
Секој друг оброк во текот на денот ќе биде послужен во рок од 30 мин. Послугата во кабина за појадок е
бесплатна, а секоја друга барана услуга во текот на денот се наплаќа според важечки ценовник објавен на
бродот.
БЕЗБЕДНОСТ НА БРОДОТ:
Се препорачуваат ниски обувки за одење по надворешните палуби. Кога е подот мокар неопходно е максимално
внимание.
ИЗГУБЕНО/НАЈДЕНО:
Ако заборавите или изгубите нешто обратете се на рецепција или во оделението за информации.
ТЕМПЕРАТУРА:
 Температурата во кабината може да ја регулирате сами на термостат. Ако наидете на потешкотии обратете се на
стјуардот кој се грижи за кабините.
ИНФОРМАЦИИ/РЕЦЕПЦИЈА:
Се наоѓаат во средишниот хол на бродот, отворен 24 часа за информации, купување на поштенски марки,
разгледници или менување на патнички чекови.
ВАКЦИНИ:
Бродот препорачува проверка на правилата за секоја земја во која се патува. Доколку е потребна вакцина тоа
треба да се направи осум недели пред поаѓање.
ЕЛЕКТРИЧЕН НАПОН:
На сите бродови напонот е 220V. Не е дозволено употреба на било какви електрични апарати во кабина (освен
апарати за бричење со посебни адаптери). Во сите кабини има фенови за коса. Пеглањеото во кабина е строго
забрането.

				
DOCUMENT INFO
Shared By:
Categories:
Tags:
Stats:
views:5
posted:10/13/2011
language:Macedonian
pages:3