Mailing Labels and Return Address Labels
Document Sample


Испраќање налепници и налепници за повратни адреси
Содржина
Отворање нов текст документ ........................................................................................... 1
Проверување на поставувањата на линијарот ................................................................ 1
Креирање на цела страница со налепници ...................................................................... 2
Центрирање на Името и Адресата и додавање празно место на почетокот од
налепницата ................................................................................................................. 5
Печатење на лист од налепници....................................................................................... 6
Зачувување на датотека со лист од налепници ............................................................... 6
Креирање на единствена налепница ................................................................................ 7
Печатење на единствена налепница ............................................................................ 9
Повторно користење на датотека со лист од налепници ................................................ 9
Во ова упатство ќе направиме лист од налепници. Сите налепници на листот ќе го
содржат истото име и адреса. Листот од налепници ќе се печати. Датотеката со
налепниците ќе биде зачувана за да можат налепниците повторно да се печатат.
Можеби некогаш нема да ви биде портребен цел лист од наптиси па за таа цел ќе
креираме и испечатиме единствен натпис.
Отворање нов текст документ
1. Ако се наоѓате на работниот простор притиснете > Сите програми >
OpenOffice.org 2.3 > OpenOffice.org Writer.
2. Ако се наоѓате во OpenOffice.org Writer, притиснете Датотека > Нов > Текст
документ.
3. Во секој случај на вашиот екран ќе се појави текст документ Неименувано 1 –
OpenOffice.org Writer.
Проверување на поставувањата на линијарот
1. Ако на вашиот екран забележувате линијар скокнете на Чекор 4.
2. Ако на вашиот екран не можете да забележите линијар притиснете Приказ.
(Се појавува поле каде што пред зборот Линијари не се наоѓа знак за
Испраќање налепници и налепници за повратни адреси Страница 1 од 7
проверка.)
3. Притиснете Линијари. (прозорецот се затвора и линијарот се појавува на
вашиот екран.)
4. Ако користите Инчи наместо Сантиметри, променете во Сантиметри.
(Постојат доволно разлики кои ќе ви отежнат во подесувањето на адресите во
налепниците.) За да променете во Сантиметр десен – клик на линијарот во
вашиот документ. (Се појавува мени кое го содржи зборот "Сантиметр".)
Ако зборот Сантиметр е чекиран притиснете било каде надвор од
менито. (Менито се затвора) .
Ако зборот Сантиметар не е чекиран, притиснете на Сантиметар.
(Менито се затвора)
Креирање на цела страница со налепници
1. Притиснете Датотека > Нов > Налепница. (Се појавува прозорецот
Налепница.)
2. Притиснете на јазичето Налепници.
3. Под зборовите Текст за натпис постои поле каде што треба да ја напишете
адресата која што ќе биде испечатена на налепниците.
4. Притиснете во полето (Покажувачот се поместува во горниот лев агол од
полето). Напишете Џон До и притиснете Enter. (Покажувачот се помесува во
втората линија). Во втората линија напишете 111 Прва улица. Во третата
линија напишете САД, 11111. Можете да користите и адреса по ваш избор.
5. Под Формат изберете Лист.
6. Од паѓачкото мени десно од Марка притиснете на за да ја изберете марката
на налепници што ќе ја користите. Во ова упатство ќе користиме Средна
големина на писмото.
7. Од паѓачкото мени десно од Тип притиснете на за да го изберете бројот
кој одговара на марката која ја користите. Во ова упатство ќе користиме
L7156 Address.
8. Притиснете на јазичето Опции. Пред зборовите Цела страница и
Синхронизирај содржина поставете знак за проверка. Кога пред зборот
Синхронизирај содржина постои знак за проверка само во една налепница
(горната лева налепница) може да се внесува и уредува, додека останатите ќе
бидат идентично повторени.
9. На крајот од страницата притиснете Нов документ. (Се појавува страница од
налепници со името и адресата кое го внесовте.) Се појавува мало прозорче
со копче "Синхронизирај налепници" .
Центрирање на Името и Адресата и додавање празно место на
почетокот од налепницата
1. Притиснете на првата налепница. Од лантата за форматирање притиснете
на иконата Центрирано . (Името и адресата се центрирани во
налепницата).
2. Притиснете пред првата буква од името. Притиснете Enter за да додадете
празно место на почетокот од налепницата. (Бидејќи притиснавме
"Синхронизирај содржина", треба само да ја внесеме и уредиме само првата
налепница.).
3. Притиснете на копчето Синхронизирај содржина. (Сите имиња и адреси на
налепниците стануваат центрирани со празно место на почетокот)
Печатење на лист од налепници
1. Поставете лист за празни налепници во печатачот.
2. Притиснете Датотека > Печати.
Зачувување на датотека со лист од налепници
1. Притиснете Датотека > Зачувај како. Во паѓачкото мени Зачувај како:
притиснете Мои документи. Во паѓачкото мени Зачувај како тип: притиснете
OpenDocument Text (.odt).
2. Во полето Име на датотеката: напишете име на датотеката кое ќе ви помогне
да ги запомнете налепниците. За ова упатство користете Налепници на Џон
До.
3. Притиснете Зачувај. (Датотеката е зачувана.)
4. Притиснете Датотека > Затвори. (Датотеката не се наоѓа повеќе на екранот.)
Креирање на единствена налепница
1. Притиснете Датотека > Нов > Налепница. (Се појавува прозорецот
Налепници.)
2. Притиснете на јазичето Налепници.
3. Под зборовите Текст на натписот постои поле каде што ќе ја напишете
адресата која ќе се печати на налепницата.
4. Притиснете во полето (Покажувачот се поместува во горниот лев агол од
полето). Напишете Џон До и притиснете Enter. (Покажувачот се поместува во
втората линија). Во втората линија напишете 111 Прва улица. Во третата
линија напишете Секаде. Во наредната линија напишете САД и напишете
11111 во наредната линија. Можете да користите било која адреса по ваш
избор.
5. Под Формат изберете Лист.
6. Од паѓачкото мени десно од Марка притиснете на за да ја изберете марката
на налепници што ќе ја користите. Во ова упатство ќе користиме Средна
големина на писмото.
7. Од паѓачкото мени десно од Тип притиснете на за да го изберете бројот кој
одговара на марката која ја користите. Во ова упатство ќе користиме L7156
Address .
8. Притиснете на јазичето Опции. Изберете Единствена налепница.
9. Ако користите лист од налепници каде што недостасуваат некои налепници,
треба да го изберете редот и колоната од налепницата кој ќе се печати. Во
ова упатство ќе ја печатиме налепницата од првиот ред во втората колона. Во
полето десно од Колона, притиснете на за да изберете 2. Во полето десно
од Ред притиснете на за да изберете 1.
10. На крајот од страницата притиснете на копчето Нов документ. (Единствената
налепница ќе се појави на страницата во првиот ред од втората колона.)
Печатење на единствена налепница
Притиснете Датотека > Печати > OK. (Се појавува прозорецот "Печати".
Единствената налепница е испечатена.)
Повторно користење на датотека со лист од налепници
1. Притиснете Датотека > Отвори. (Се појавува прозорецот "Отвори". Ако "Мои
документи" не се наоѓа во полето Барај во: кое се наоѓа на почетокот од
прозорецот "Отвори", од листата со насоки под полето Барај во: притиснете
"Мои документи". Зборовите "Мои документи", се појавуваат во полето "Барај
во:")
2. Притиснете на името од датотеката со налепниците од листата под полето
Барај во:. (Името на датотеката се појавува во полето "Име на датотеката:".)
3. Притиснете на копчето Отвори кое се наоѓа десно од полето Име на
датотеката:. (Најгорната линија од екранот го менува името во името на
датотеката и првата страница од датотеката со појавува на екранот под
линијарот.) Ако сакате можете да ја печатите или уредувате датотеката.
Related docs
Get documents about "