ITIL v3 Foundation Training

Document Sample
ITIL v3 Foundation Training Powered By Docstoc
					     ИФЦ МСТР (Програма за Меѓународни стандарди и технички регулативи)

                                     Ве поканува да земете учество на обуката


                   “ITIL v3 Foundation - Training and Certification”
                                                 на 20-23 Maj, 2009
                                           во хотел Континентал, Скопје

За обуката:

Како дел од серијата обуки за зајакнување на капацитетот на локалните ИТ експерти од Македонија, во полето на
менаџментот на ИТ услуги, кои понатаму ќе имаат за цел да им помогнат на компаниите да обезбедат стандардизирани ИТ
услуги, ИФЦ АС СЕ организира обука "ITIL v3 Foundation" по што ќе следи сертифицирање на кандидатите за ова ниво на
познавање на ITIL стандардите.

Целна група за оваа обука е Македонскиот ИТ сектор.

Оваа специфична обука е планирана за локалните членови на ITSMF Македонија и сите други заинтересирани, кои имаат
претходно искуство во менаџментот на ИТ услуги. Кандидатите кои ќе ја посетуваат оваа обука би требало да имаат
образование и познавања од областа на информатичката технологија.

Планирано е оваа обука да ги зајакне капацитетите на ИТ експертите во Македонија и да ги информира за најновите
состојби во врска со ITIL v3 стандардите.

Обуката ќе трае 3 дена согласно со официјалната ITIL програма и ќе ги подготви кандидатите за успешно полагање на
завршниот испит за здобивање на меѓународно прифатениот сертификат - ITIL v3 Foundation.
ITIL стандардите се корисни за организации кои имаат потреба од:
      насоки за успешно поставување и управување на ИТ инфраструктурата
      конзистентен пристап кон управувањето на нивните процеси, сервиси, технологија и корисници
      мерење на квалитетот на нивните процеси, сервиси, технологија, партнери и вработени
      подобрување на квалитетот на нивните процеси
      намалување на трошоците за обезбедување на услуги
      создавање на познавање за континуирано унапредување на процесите и
      креирање на преносливо знаење.


На обуката ќе бидат претставени и обработени следните теми од ITIL стандардите:
      Менаџмент на услуги како пракса
      Животен циклус на услугите
      Клучни модели и принципи
      Извршни концепти
      Избрани процеси
      Избрани улоги
      Избрани функции
      Технологија и архитектура
      ITIL® квалификациска шема
      Пробен испит (Mock exam)
      Краен испит за добивање на сертификат ITIL v3 Foundation

Барања кои кандидатите треба да ги исполнат за да земат учество на обуката и сертифицирањето:

       Кандидатите треба да имаат одлично познавање на англискиот јазик (обуката ќе биде изведена на Англиски - превод
       нема да биде обезбеден) и
       Кандидатите треба да имаат познавања од областа на управување на ИТ сервиси.
Котизација за учество

За да се обезбеди учество на оваа обука, кандидатите треба да се пријават во канцеларијата на ИФЦ и да платат котизација
од 18.000 денари, најдоцна до 10 Мај 2009 година. Максималниот број на кандидати кои можат да се пријават на оваа
обука е 24. Потврда за учество на обуката ќе добијат првите 24 пријавени кандидати.

Лице за контакт г-ѓа Ани Маркиќ тел: (02) 322 3306, е-маил: amarkik@ifc.org

Котизацијата вклучува:
      Учество на обуката
      Материјали
      Полагање на испит
      Сертификат (во случај на успешно завршување на испитот)

    За сите останати прашања можете да ја контактирате Г-ѓа Валентина Паскалова, Проектен
                             Менаџер во ИФЦ на тел: (2) 322 3306.