PREVENCIJA IR ANO OTKRIVANJE NA MELANOMOT VO SEKOJDNEVNATA PRAKSA by HC1207270882

VIEWS: 29 PAGES: 32

									    Др. Дијана Ѓоргиевска
 Спец. Дерматовенеролог
   www. dermoskopija.com
Клиничка болница- Битола
             13 Ноември, 2009
Со терминот screening се означуваат редовни прегледи и тестови кај лица
кои немаат никакви симптоми на рак, но спаѓаат во групата која има висок
                             ризик фактор

Заради зголемената инциденца/ морталитет? од меланом, во светот и кај
  нас,
ЦЕЛТА на презентацијата е :
 да се едуцираат лекарите од примарната здравствена заштита за
  клиничкиот изглед на меланомот и неговите прекурсори,
  диспластичните невуси
 да се отпочне процес на стандарден протокол за физикален преглед во
  секојдневната пракса на лекарите од примарната здравствена заштита.
Очекуваниот резултат е :
 да се препознае меланомот во рана фаза (превенција на инциденцата/
  морталитетот од меланом
 да се зголеми точноста на податоците за заболени од меланом и/ или
  други кожни тумори кои ќе ги користат референтните институции низ
  Републиката
                                 ЕПИДЕМИОЛОГИЈА
Меланомот се вбројува помеѓу најлошите тумори на кожата. УВ зраци се етиолошки најважен ризик фактор за појава
   на меланомот.

   Според податоците на Светска здравствена организација(СЗО), во СВЕТОТ од меланом заболуваат 160.000 луѓе секоја година, а
    умираат 48.000 луѓе.

   Во Србија годишно заболуваат околу3.500 луѓе од рак на кожата, од кои неколку стотини од меланом.

   Во Хрватска појавата на меланомот се зголемила за 309%, а смртноста од меланомот за 310%. Годишно се дијагностицираат
    околу 600 нови заболени.

   Во Македонија , во 2002 г. умреле 40м /21 ж; во 2003г., 44м /25ж; 2004г., 23м/21ж; 2005г., 34м/25ж; 2006г., 32м/16ж
   (види податоци за новорегистрирани од меланом од 2002 2006 г. според ЈЗУ- Институт за јавно здравје на Република
    Македонија, Анекс 1)

   ЗАСТРАШУВАЧКА СТАТИСТИКА

   Меланомот се јавува кај сите возрасни групи. Кај жените е почест на екстремитетите, а кај мажите на трупот.
   Меланомот е на второ место по застапеност кај младите од 15 до 29 год. возраст.
   Од вкупниот број на заболени од меланом, 18% се женски на помлада возраст.
   Кај жени во периодот од 25 до 29 год. возраст меланомот е на прво место по појава на малигните тумори.
   На возраст од 30 до 35 години е на второ место, веднаш по карциномот на дојката.
   Жените на возраст до 39 години двапати повеќе заболуваат од меланом отколку мажите.
   Кај мажите на возраст од 50 до 59 год. е на 4 место на појавување, по ракот на моч.меур, белите дробови и дебелото црево.
   На возраст од 30 до 50 год е на второ место, по ракот на тестисите.

   Најчесто се јавува во шестата деценија, но се забележува тренд на јавување во средна возраст, помеѓу 35 и 50 година.
   По 40тата година, мажите се тие кои почесто го добиваат меланомот и тоа се зголемува со секоја наредна декада.

   На меланомот отпаѓаат 3% од кожните канцери, но причина за смрт е во преку 75% од случаите на кожни канцери.

   Меланомот е болест која се јавува кај белата раса. Односот помеѓу белата и црната раса е 20: 1. Кај белата раса, луѓето со
    фототип 1 и 2 се поосетливи од оние со фототип 3 и 4.
                   Integumentum commune;
                     ШТО Е МЕЛАНОМОТ?
Нaстанува од пигментните клетки МЕЛАНОЦИТИ кај кои, во оштетената ДНК настанува мутација на генот
               CDKN2A декодирање на тумор- супресор протеините p16 и p19 или CDK4
              ФАКТОРИ НА РИЗИК ЗА ПОЈАВА НА
                      МЕЛАНОМОТ
Генетски и фактори на околината

Ултравиолетовите(УВ) А и Б зраци претставуваат еден од најканцерогените фактори за човекот и
директно предизвикуваат рак на кожата и меланом

   растот на озонската дупка и зголеменото УВ зрачење/ УВ индекс
   престојување на висока надморска височина
   сончање без заштитни креми
    изгоретини од сонце во детството, до 18 год. возраст
   фототип на кожа 1 и 2 –(светла боја на косата и очите, чувствителна кожа која на сонце лесно
    поцрвенува)
   млади особи со над 100 бемки
   вродени бемки поголеми од 15 цм
   постоење на неправилна бемка- диспластични
   меланом во фамилијата
   личен податок за меланом
   интензивно сончање, посебно„викенд“ сончање кај оние кои работаат во затворен простор
   кај занимања на отворено/ кои поминуваат надвор многу време
   користење на солариум до 30 тата год од животот
   зрачна терапијa
   употреба на некои лекови кои ја зголемуваат преосетливоста кон сонцето(контрацептивни,)
   ослабен имун систем од хемотерапија,по трансплантација на органи,
   неконтролирано изложување на сонце, кај ХИВ/ СИДА болни.
   Полот/ мажите заболуваат почесто од жените
   Xeroderma pigmentosum
Класификација на фототипови на
      кожа по Fitzpatrick
          ВИДОВИ НА МЕЛАНОМ
Постојат 5 различни видови на меланом:


 -Меланом кој се шири површно(SSM): настанува најчесто од диспластичните бемки и се
  развива во подолг временски период, при тоа менувајќи ја бојата, големината и обликот

 -Јазлест меланом(NM): најчесто се јавува на трупот кај мажите, со кафена или црна боја,
  со многу куса хоризонтална фаза.Негов посебен вид е безбојниот NM.

 - Малигно лентиго(LMM): типично настанува на сонцеекспонираните делови, посебно
  на лицето и вратот

 - Меланом на прстите, дланките и табаните и под ноктот(ALM): се јавува и кај црната и
  белата раса, со куса хоризонтална фаза и особено агресивен.Локализацијата ја отежнува
  раната дијагностика.

 - Меланом на слузниците, посебно на аноректалната и генитална регија кај двата
  пола(MLM): основна карактеристика му е недостапноста, а со тоа отежната рана
  дијагноза.
ВИДОВИ НА МЕЛАНОМ
     ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА НА
     МЕЛАНОМОТ СО ОСТАНАТИ КОЖНИ
              ТУМОРИ
 BCC, SCC, сончеви/ старечки кератози, heilitis aktinika
 Себороична кератоза- кафено до црни израстоци со
    восочна или наборана површина
   Хемангиоми- бенигно растење на крвните садови
   Брадавици- израстоци со рапава површина предизвикани
    од вирус ; Dermatofibrom
   Бемки/ невуси-бенигни кожни тумори кои се развиваат од
    меланоцитите ; nevus displasticus
   Spitz nevus- кожен тумор кој наликува на меланом
   Blue nevus,
ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА НА
МЕЛАНОМОТ СО ОСТАНАТИ КОЖНИ
         ТУМОРИ
ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА НА
МЕЛАНОМОТ СО ОСТАНАТИ КОЖНИ
         ТУМОРИ
ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА НА
МЕЛАНОМОТ СО ОСТАНАТИ КОЖНИ
         ТУМОРИ
Screening/ РАНО ОТКРИВАЊЕ
          ПРАВИЛНА АНАМНЕЗА И ФИЗИКАЛЕН ПРЕГЛЕД

   Поставете прашања за симптомите и ризик факторите:
   Возраст на пациентот, професија, одредување на фототипот
   Време на настанување на промената
   Фамилијарна анамнеза за меланом/рак на кожата
   УВ зрачење во минатото/ опекотини во детството
   Постоење на прекурсори и др.промени(дисп.невуси, кератози)
   Да ли се променила бојата и/ или изгледот
   Дали има крварење, круста, лупење
   Преглед на регионални лимфни јазли
   Преглед по ABCD
 ПРЕПОЗНАВАЊЕ И САМОПРЕГЛЕД СПОРЕД ABCD
СИСТЕМОТ НА ОЦЕНУВАЊЕ НА КОЖНАТА ПРОМЕНА
                          ДЕРМОСКОПИЈА
             ЕПИЛУМИНИСЦЕНТНА МИКРОСКОПИЈА/
                  ПОВРШНА МИКРОСКОПИЈА
•Дермоскоп (ладно светло под агол о20%)
•Имерзиона течност ( го
совладува различниот прекршувачки
индекс помеѓу воздухот и кожата)
•Дигитална камера
•Персонален компјутер
•Софтверски програм за анализа на
наодот, меморирање, компарација,
мапирање.

Што визуелизира дермоскопијата?
Пигментни и непигментни структури
и бои помеѓу дермоскопот ( окото) и :
БМЗ, папиларен дерм, горен ретикуларен
дерм.
         ДЕРМОСКОПИЈА
ЕПИЛУМИНИСЦЕНТНА МИКРОСКОПИЈА/
     ПОВРШНА МИКРОСКОПИЈА
       ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА
              МЕЛАНОМОТ
1. Препораки:
      Избегнувјте активности и изложување на сонце помеѓу 10:00 и 16:00 часот
      Не горете на сонце
      Избегнувајте солариуми чие зрачење е поштетно од она на директното сонце
       Користете заштитни фактори за сонце СПФ 15 и повисоки
      Намачкајте се со фотозаштитни креми по цело тело 30 мин.пред излегување на
       сонце. Нанесувајте го препаратот на секои два часа.
      Покријте го телото со лесна , памучна облека во светли бои.
      Носете УВ заштитни наочари и капа.
      Не ги изложувајте новороденчињата на сонце. Заштитни креми користете кај
       бебиња постари од 6 месеци
      Научете ги вашите деца да се заштитуваат од директното сонце. Проблемите со
       идни кожни промени започнуваат во детството!
      Самопрегледувајте си ја кожата секој месец
      Самопрегледувајте ги бенките по АБЦД правилата
      Посетете го кожниот лекар еднаш годишно за професионално испитување на
       кожата.
    ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА
           МЕЛАНОМОТ
2. Препознавање
 Двата најчести видови на кожен рак,базоцелуларниот(BCC)
   и спиноцелуларниот(SCC), не- меланоcitni, се директно
   поврзани со продолжено изложувањето на сонце кое се
   кумулирало/насобирало низ многу години. Затоа, нив
   најчесто ги наоѓаме на сонце-изложените делови на
   телото: раце, лице, уши итн.
 Кај меланомот, ситуацијата е поинаква. Појавата на
   меланом е поврзана со куси, интензивни изложувања на
   сонце кои покрај зацрвенувањето на кожата имаат и
   меури.
ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА
       МЕЛАНОМОТ
    ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА
           МЕЛАНОМОТ
3. САМОПРЕГЛЕД
Што ви е потребно?
Добро осветлување, две огледала, две столици,фен за
  коса


ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА
       МЕЛАНОМОТ
                       ЛЕКУВАЊЕ
Доколку се открие на време, во рана фаза,меланомот се
                        лекува
Скала на Breslow ; ТNМ класификација
 Хируршко отстранување,
 хемотерапија,
 Имунотерапија,
(интерелукин, интерферон, вакцина),
 радиотерапија,
 палијативна терапија
ЛЕКУВАЊЕ
                     ЛЕКУВАЊЕ
 ДОКОЛКУ МЕЛАНОМ Е ОТКРИЕН ВО РАНА ФАЗА, 5 ГОДИШНОТО
  ПРЕЖИВУВАЊЕ Е 99%
 СО ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА МЕЛАНОМОТ, СТЕПЕНОТ НА
  ПРЕЖИВУВАЊЕ ОПАЃА.
 ДОКОЛКУ ИМА РЕГИОНАЛНИ МЕТАСТАЗИ,
  РАТАТА НА ПРЕЖИВУВАЊЕ Е 65%
 ЛОКАЦИЈАТА НА МЕЛАНОМОТ ИМА ГОЛЕМО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ СТЕПЕНОТ
  НА ПРЕЖИВУВАЊЕ.
  МЕЛАНОМОТ НА ВРАТОТ И НА ГЛАВАТА Е ДВАПАТИ ПОРИЗИЧЕН ВО 5
  ГОДИШНОТО ПРЕЖИВУВАЊЕ ОД ОНОЈ НА ЕКСТРЕМИТЕТИТЕ ИЛИ
  ТРУПОТ.
   Доколку се открие на време,
во рана фаза,меланомот се лекува
Благoдарам за вниманието!
Литература:

   Дерматовенерологија, А. Анчевски, Ѓ. Гоцев, Љ. Павлова, Н.Петрова, Скопје, 2002
   Клиничка дерматологија, М. В`лчкова-Лашкоска, А. У. Старова
   Color atlas and synopsis of clinical dermatology, T. B. Fitzpatrick, 1997
   The New England Journal of Medicine , 29.04. 1999
   Massachusetts Medical Society
   Prim. Dr. Jadran Bandic, ORS Hospital, Belgrad, 07.07.2008
   Dr. Dijana Gjorgievska, spec.dermatovoenrolog, Klinicka bolnica, Bitola, 2009
   Health promotion and disease prevention in clinical practice, Steven H. Woolf, Steven Jonas, Robert. S.
    Lawrens
   University of Florida Shands Cancer Center, 2009
Анекс 1

								
To top